Emre Aytekin
17 Октомври 2020•Ажурирај: 18 Октомври 2020
АНКАРА
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) во светот, заразата е потврдена кај 39.598.277 лица, а оздравеа 29.662.272 заболени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последиците на заразувањето со Ковид-19 починале 1.109.291 лице.
Во светот моментално има 8.826.714 активно заразени лица, од кои 71.483 се тешко болни.
Од пандемијата со Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД), со 8.288.278 заразени лица и 223.644 починати.
Следуваат Индија со 7.432.680 заразени и 113.032 починати. Во Бразил се заразени 5.201.570 лица, а починаа 153.229 заболени.
Коронавирусот (Ковид-19) кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.