Cüneyt Karadağ
28 Октомври 2021•Ажурирај: 28 Октомври 2021
БЕРЛИН (АА) - Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 28.037 нови случаи на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) покажуваат дека во Германија во последните 24 часа починале 126 лица, вкупно од почетокот на пандемијата, 95.485.
Во земјата се заразени вкупно 4.534.452 лица, вклучувајќи 28.037 во последните 24 часа.
Неделната инциденца, односно бројот на новозаразени на 100.000 жители е 132.