Nuri Aydın,Şerife Çetin
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Со коронавирусот, Ковид-19, во светот заразени се над 56,5 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Податоците објавени на веб страницата „Worldometer“ покажуваат дека од последици предизвикани од Ковид-19 починале 1.354.821 лице.
Бројот на заразени е зголемен на 56.564.475, а досега од вирусот оздравеле 39.352.858 лица.
Активни се 15.856.796 случаи.
Во Соединетите Американски Држави (САД) потврдени се 11.873.727 заразени, додека од вирусот починале 256.821 лице, најмногу во светот.
Други земји, покрај САД, со најголем број заразени се Индија (8.958.483), Бразил (5.947.403), Франција (2.065.138), Русија (1.991.998) и Шпанија (1.542.467).
Земји кои по САД имаат најмногу смртни случаи од Ковид-19 се Бразил (167.497), Индија (131.618), Мексико (99.528), Велика Британија (53.274) и Италија (47.217).