Esin Eşkinat Sayılgan
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
ЊУЈОРК (АА) - Од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), наведоа дека трудниците, оние кои неодамна родиле или се обидуваат да забременат, би требало да се вакцинираат против новиот тип на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот ги повика здравствените власти и експерти да ги информираат бремените жени за важноста на вакцинацијата.
„Силно препорачувам бремените жени или оние кои размислуваат за бременост да разговараат со својот лекар за вакцините против Ковид-19 за да го заштитат своето и здравјето на своето бебе“, рече директорката на ЦДЦ, Рошел П. Валенски.
Центрите за контрола и превенција на болести соопштија дека само 31 отсто од бремените жени во САД се вакцинирани.
Според податоците објавени од таа институција, најмногу од навакцинираните жени се од азиско потекло, и тоа 45,7 отсто.
До 27 септември, 125.000 бремени жени во земјата беа позитивни на коронавирусот.
Меѓу нив, 22.000 беа хоспитализирани на одделенијата за интензивна нега, а 161 починаа како резултат на вирусот.
Центарот наведе дека бремените жени со симптоми на Ковид-19 имале двојно поголем ризик да завршат на одделенијата за интензивна нега и 70 отсто поголем ризик од смртност во споредба со другите.
Тие додаваат дека Ковид-19 може да доведе до компликации како што е предвремено породување.