Ali Murat Alhas
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
АНКАРА (АА) - Турски виролог успешно го изолирал коронавирусот (Ковид-19) во обид да произведе вакцина против вирусот од кој починаа речиси 68.000 луѓе во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Директорот на Институтот за биотехнологија на нашиот универзитет, проф. Д-р Ајкут Озкул, успеа да го изолира вирусот SARS- COV-2, што е првиот чекор за производство на серум, вакцина и лекови против коронавирусот“, соопшти Анкарскиот Универзитет во објавата на социјалните мрежи.
Мустафа Варанк, турскиот министер за индустрија и технологија, во текот на минатата недела изјави дека вкупно 24 универзитети, осум јавни установи за истражување и развој со стотици истражувачи работат на производство на вакцина против Ковид-19.
Според податоците од Министерството за здравство на Турција, бројката на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 547, додека бројката на дијагностицирани пациенти со овој вирус изнесува 27.069. Бројот на излекувани пациенти се искачи на 1042.
Ковид-19 за првпат се појави во декември минатата година во кинескиот град Вухан, во покраината Хубеи, а се рашири во речиси сите земји во светот.
Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс", во светот има над 1,2 милиони потврдени случаи со Ковид-19, а потврдени се 68.000 смртни случаи. Од овој вирус досега во светот се излечени над 258..400 лица.