Ali Murat Alhas
27 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
ЕРЗУРУМ (АА) - По долгогодишна напорна работа во лабораториски услови и интензивни истражувања, професорите од универзитет од источна Турција открија лек кој ги сузбива негативните ефекти врз човековото тело што ги предизвикуваат болестите како што се Паркинсоновата, Алцхајмеровата и депресијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Експериментите врз животни докажаа дека лекот ги намалува [компликациите] во здравствените состојби како што се Паркинсоновата, Алцхајмеровата болест и депресијата на идеално ниво“, истакна Омер Чомакли, ректор на Универзитетот „Ататурк“ во источната турска област Ерзурум
Лекот дејствува заштитно врз мозочните клетки кои поседуваат високо ниво на невротрансмитерот глутамат.
Тој рече дека лекот ќе биде пуштен во употреба штом целосно заврши клиничката фаза на испитување, додавајќи дека се надева дека ќе се најде на светскиот пазар што е можно поскоро.
Истакна дека овој лек, чие име е утврдено, но допрва треба да се објави, е првиот автохтон лек на турската медицина и дека универзитетскиот персонал и професорите се горди што се дел од овој проект кој ќе му служи на целото човештво.