Mümin Altaş
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Тускиот министер за здравство, Фахретин Коџа, истакна дека во Турција од 5-та недела епидемијата е во постојано закрепнување и дека под сегашните услови епидемијата е под контрола, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Коџа одржа прес-конференција во кампусот на Министерството во Билкент, по состанокот на Научниот комитет за коронавирусот, одржан преку видеоконференција.
Обраќајќи се до сите погодени од коронавиросот, од 7 до 77-годишна возраст и од сите професии, министерот за здравство рече дека светот се восхитува на турскиот народ во однос на 8-неделната борба што ја води против коронавирусот.
„Во Турција од 5-та недела епидемијата е во постојано закрепнување. Под сегашните услови епидемијата е под контрола“, нагласи Коџа.
Тој истакна дека Турција со стратегијата која ја води против епидемијата, со третманот, и со иновативните мерки се наоѓа во фокусот на светската заедница.
- „Успех по кој копнее светот“ -
Истакнувајќи дека успехот на турските научници привлече внимание кај сите светски научни кругови од Италија, па до Соединетите Американски Држави (САД), министерот Коџа нагласи:
„Светските телевизии ја прикажуваат нашата успешна приказна. Доктор од другиот крај на светот, преземаат информации од нашите колеги доктори во Турција.“
Коџа потенцираше дека некои ограничувања го заштитиле животот на граѓаните и додаде: „За да ги видете хероите на овој успех, не треба да ги свртите очите на друга страна. Сопствениците на овој успех се сите 83 милиони граѓани, кој сите до еден ја исполнија својата должност применувајќи ги мерките. Ако не ги спроведете мерките предложени од нашите научници, немаше да постигнеме резултати.“
Тој исто така потсети дека поминале 8 недели од 10 март, незаборавен датум во неговиот живот, кога во Турција се појави првиот случај со Ковид-19.