Barış Seçkin
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
РИМ (АА) - Во последните 24 часа како последица на вирусот Ковид-19 во Италија починаа 195 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата е зголемен на 31.106, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита на Италија ги соопшти најновите податоци во врска со пандемијата на Ковид-19 во земјата.
Бројот на нови активни случаи во последните 24 часа е намален за 2.809, и изнесува 78.457. Од почетокот на пандемијата во Италија од Ковид-19 се заразија 222.104 лица.
Во изминатото деноноќие бројот на излекувани од Ковид-19 се зголеми за 3.502, достигнувајќи вкупно 112.541.
Во последните 24 часа во земјата од коронавирусот починаа 195 лица, со што вкупната бројка се зголеми на 31.106.
И денес продолжи да се намалува бројот на пациентите на одделите за интензивна нега. Од 952, колку што имаше вчера, сега тој број изнесува 893.
Низ целата земја досега се тестирани 2.735.628 лица.
Во областа Ломбардија, којашто е најтешко погодена од епидемијата, во последните 24 часа починаа уште 69 лица.