Ali Murat Alhas,Havva Kara Aydın
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на оздравени од Ковид-19 во Турција денес достигна 111.577, додека бројот на активни случаи падна на 34.845, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 4.171, при што во последните 24 часа регистрирани 31 нов смртен случај, најниска бројка од 23 март“, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Во текот на изминатиот ден, оздравеа 1.615 пациенти.
„Бројот на пациенти кои се на интензивна нега и респиратори продолжува да опаѓа“, изјави Коџа.
Во земјата се регистрирани 1.158 нови случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 150.593.
Во текот на изминатите 24 часа во Турција се спроведени 25.000 тестови, со што вкупниот број на направени тестови во оваа земјаизнесува над 1,65 милиони.
Во моментот на интензивна нега се наоѓаат 903 пациенти.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони. Европа и САД во моментов се најтешко погодени региони.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, пандемијата досега е причина за смртта на над 316.200 луѓе во светот. Со Ковид-19 заразени се над 4,8 милиони, додека речиси 1,9 милиони оздравеа.