Necmettin Karaca
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
ВАН
Езерото Ван во овој период нуди единствена глетка, бидејќи јато на риби наречени alburnus tarichi, познати под називот тарек, бисерен колеранг, Ван риба или Ван шах кули, плива спротивно од течението на реката кон слатките води заради мрестење, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ова е вид на риба која се наоѓа само во Турција и единствена риба за која е познато дека го населува езерото Ван.
Ова нивно патување, кое е тешко, бидејќи се чека можноста да бидат уловени, нуди единствена глетка, а припадниците на безбедносните сили и многу невладини организации преземаат низа на мерки за да го спречат криволовот.

Илјадници луѓе секоја година се собираат на просторот околу реката Дели во подрачјето Ерџиш за да го набљудуваат нивното движење. Сепак, поради пандемијата на Ковид-19, оваа година ситуацијата е поразлична.
Мустафа Акуш, од Универзитетот Јузунџу Јил, соопшти дека рибите од езерото Ван секоја година пливаат кон слатките води за да се мрестат.
„Оваа убава глетка е важна како за одржување на риболовот во езерото Ван така и за развивање на екотуризмот на ова подрачје“, изјави Акуш.

Тој додаде дека минатата година за време на празникот по повод Рамазан Бајрам, ова подрачје го посетиле 110.000 лица.
Оваа година ситуацијата е значајно поразлична поради пандемијата. Се верува дека откако ќе помине заразувањето, на ова подрачје ќе дојдат илјадници луѓе за да го гледаат движењето на овие риби.
Тој потсети и на низа мерки кои се воведени во изминатите две децении со цел спречување на криволовот и зачувување на овој вид риба.