Yıldız Aktaş
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 89.480, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се направени 35.605 тестирања за Ковид-19, од кои 1.546 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 50 лица како последица на оваа пандемија.
Во Турција се извршени вкупно 1.334.411 тестирања, откриени се вкупно 137.115 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 3.739 лица.
Се нагласува дека 1.168 лица се наоѓаат на интензивна нега, додека вкупно се излекувани 89.480 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Бројот на излекувани лица достигна речиси 90.000. Да продолжиме со преземање на мерки“, напиша Коџа.