İlyas Tayfun Salcı
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
ЛОНДОН
Во Велика Британија во последните 24 часа починаа 346 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 31.587, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за транспорт, Грант Шапс, на дневната прес-конференција истакна дека во последните 24 часа како резултат на Ковид-19 во болници, во домовите за стари лица и во своите домови починаа 346 лица.
Со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 31.587.
Во последните 24 часа во земјата се направени 96.878 тестирања за Ковид-19.
Исто така, во последните 24 часа се откриени уште 3.896 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се зголеми на 215.260.