Yıldız Aktaş
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 104.030, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 34.821 тестирање за Ковид-19, од кои 1.635 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 47 лица како последица на оваа пандемија, додека се излекувани се уште 2.315 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 1.508.824 тестирања, откриени се вкупно 144.749 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.007 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 963 лица, додека вкупно се излекувани 104.030 лице.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Вкупната бројка на извршени тестирања надмина 1.5 милиони. Продолжува падот во бројот на интубирани пациети и пациенти кои се наоѓаат во интензивна нега. Стапката на оздравени лица изнесува 71,8 отсто“, напиша Коџа.