Barış Seçkin
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 262 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 31.368, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 76.440 активни случаи на коронавирус, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 223.096.
Денес се излекувани 2.747 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 115.288 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 262 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 31.368 лица.
Според соопштеното, 855 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 2.807.504 тестирања за Ковид-19.