Aysu Biçer
20 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Турција постигна договор за купување уште 60 милиони дози од вакцината на „БајоНТех“/„Фајзер“ против коронавирусот, со можност за додатни 30 милиони дози, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со овој втор договор за снабдување, вкупниот број на дози кои треба да се испорачаат во Турција достигнува цифра до 120 милиони, а сите ќе бидат испорачани оваа година“, соопшти компанијата „БајоНТех“.
Како што изјави извршниот директор и ко-основач на „БајоНТех“, Угур Шахин, благодарни се што се во можност значајно да помогнат во напорите на Турција во процесот на вакцинација и поради довербата која ја имаат во компанијата.