Samir Kajoševic
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Во Црна Гора регистрирани се пет нови случаи на коронавирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопштија дека биле анализирани 160 примероци, од кои пет биле позитивни.
„Сите позитивни случаи се од Подгорица. Тројца се контакти на претходни заболени лица, додека за останатите двајца сè уште се испитува“, истакнаа од Институтот.
Во Црна Гора од коронавирусот заразени се вкупно 262 лица од кои 137 случаи се регистрирани во Подгорица.