Yusuf Özcan
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.142 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 579 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 191.039.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 12.479 лица, од кои 1.059 се наоѓаат на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 309 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 70.806.
Во последните 24 часа починаа 31 лице поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 29.142.