Yusuf Özcan
28 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - Во Франција во последните 24 часа починаа уште 319 лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починати се искачи на 2.314 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Институцијата за граѓанско здравје на Франција, бројот на откриени случаи со раст од 4.611 се искачи на 37.575 лица.
Се вели дека 4.273 од вкупно заразените лица се наоѓаат во интензивна нега, додека 6.624 лица се излекувани.
Од коронавирусот во последните 24 часа починаа уште 319 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 2.314 лица.