Yusuf Özcan
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 24.895 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Според соопштението, вкупната бројка на случаи со Ковид-19 во земјата со раст од 387 се искачи на 202.054.
Во болниците се лекуваат 25.815 лица, од кои 3.819 се наоѓаат во интензивна нега.
Од Ковид-19 излекувани се 245 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус се искачи на 50.784.
Во последните 24 часа во болници и домовите за стари лица починале 135 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 24.895, од кои 15.583 лица починале во болници, и 9.312 во домовите за стари лица.
Од друга страна, министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, истакна дека околу 1 милион жители добиле парична казна од 17 март досега поради прекршување на ограничувањето на движењето на граѓаните.