Yusuf Özcan
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
ПАРИЗ
Од последици предизикани поради заразеност со новито тип на коронавирус (Ковид-19) последните 24 часа во Франција животот го загубија 367 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи изнесува 23.660, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на француското министерство за здравство се навдува дека последните 24 часа откриени се 1.520 новозаразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 197.589.
Во француските болници поради заразеност со Ковид-19 во болница се наоѓаат 27.484 лица, додека на интензивна нега се наоѓаат 4.387 лица.
Во последните 24 часа од заразеност со новиот тип на коронавирусот се излекувани 1.373 лица, со што вкупниот број на излекувани изнесува 46.886.
Во последното деноноќие во болниците и старечките домови животот го загубија 367 лица. Со последните бројки бројот на починати во болниците се искачи на 14.810, додека во старечките домови на 8.850, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 23.660.
- Пад на бројот на починати на дневно ниво
Веќе 20 ден по ред продолжува тенденцијата на пад на бројот на смртни случаи на лицата што се наоѓаат во одделенијата за интензивна нега. Се истакнува дека април е месец на пикот на смртните случаи во Франција.
Според податоците за последните 24 часа, во Франција има пад на бројот на смртни случаи на дневно ниво.
Франција е земја која се наоѓа на 4 место според бројот на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во светот.