Ekipa
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
ПАРИЗ (АА) - Францускиот премиер Жан Кастекс е позитивен на коронавирусот (Ковид-19) откако една од неговите ќерки била заразена со вирусот, потврди неговиот Кабинет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот претходно заминал за Брисел на билатерален состанок со неговиот колега, Александар Де Кроа, а подоцна одржа обраќање до нацијата за кризата во прекуокеанската територија Гвадалупе.
Тој ги поттикна оние кои не се вакцинирани на островот да се вакцинираат.
Од неговиот Кабинет соопштија дека тој сега е во изолација и дека ги одржува важните состаноци преку видеоконференција. Премиерот е вакциниран со две дози на вакцина во април.
Портпаролот на Владата, Габриел Атал, рече во неделата дека има зголемување на случаите за речиси 80 проценти во една недела, со регистрирани во просек 17.000 случаи дневно.
Училиштата во најмалку 61 регионално подрачје ги воведоа маските за задолжителни за учениците.
Најмалку десет министри од Кабинетот, вклучително и министерот за внатрешни работи Гералд Дарманин, министерот за одбрана Флоренс Парти, министерот за култура Розелин Башело и министерот за европски прашања Клемент Бон кои неодамна се сретнале со Кастекс се разгледуваат како лица кои имале контакт и од нив ќе се бара да подлежат на РТ-ПЦР тест.
Де Кроa и четири министри во неговиот Кабинет кои присуствувале на состанокот се исто така во карантин.