спорт

ПСЖ нов шампион на Франција

Парис Сен Жермен како домаќин на стадионот „Паркот на принцовите“, го совлада Монако, најблискиот противник на табелета, со резултат 7:1

Mutlu Demirtaştan  | 16.04.2018 - Обновена : 17.04.2018
ПСЖ нов шампион на Франција

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од француската Прва фудбалска лига (Лига 1), Париз Сен Жермен (ПСЖ), ја освои тутулата шампион на Франција, пет кола пред да заврши сезоната, пренесува Anadolu Agency (AA).

ПСЖ како домаќин на стадионот „Паркот на принцовите“, го совлада Монако, најблискиот противник на табелета, со резултат 7:1.

Џовани Ло Селсо од домаќинскиот клуб постигна два погодоци, Едисон Кавани постигна еден погодок, Анхел Ди Мариа успеа двапати да ја затресе мрежата на противникот, и Џулијан Драксер постигна еден погодок, додека играчот на Монако, Радамел Фалкао постигна автогол.

Рони Лопес од гостинската екипа постигна само еден погодок.

ПСЖ има 87 бодови на табелата, зголемувајќи ја разликата со Монако на 17 бодови, со што прогласи победа во сезоната 2017/2018, пет кола пред завршувањето на сезоната.

ПСЖ седумпати стана шампион во лигата, односно во сезоната 1985/1986, 1993/1994, 2012/2013, 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016, и во сезоната 2017/2018.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın