Yusuf Özcan
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон го прими денес во Париз, премиерот на Либан, Саад Харири, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот зад затворени врати беше одржан во Елисејската палата. По состанокот во палатата им се придружија и сопругата и синот на Харири.
Харири на 4.ноември во телевизиско обраќање од Саудиска Арбија најави дека поднесува оставка, што доведе до политичка криза во Либан. Либанскиот претседател, Мишел Аун одби да ја прифати оставката, додавајќи дека Саудиска Арабија го задржала против негова волја.
Од канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон, обавија дека го очекуваат Харири денес попладне во париската претседателска палата. Додадоа дека Харири ќе биде примен како премиер, без оглед што објави дека поднесува оставка.