Süha Gür
09 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалер на турскиот клуб Бешикташ и вработен во клубот се позитивни на коронавирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (AA).
Д-р Текин Керем Улку, советникот на лекарскиот тим на Бешикташ, соопшти дека на 8 мај се тестирани сите фудбалери на Бешикташ, како и стручниот персонал и други вработени во клубот.
„Резултатите од тестовите покажаа дека еден фудбалер и еден вработен во клубот се позитивни на Ковид-19“, рече Улку.
Тој истакна дека тие, веднаш, во согласност со здравствените мерки, биле подложени на лечење и строг надзор.