Zehra Ulucak
10 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 4,1 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на интернет-страницата „Worldometer“, вкупниот број на заразени со Ковид-19 низ целиот свет ја достигна бројката од 4.101.974.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со Ковид-19 се заразени вкупно 1.347.309 лица.
По САД следуваат Шпанија со 262.783 случаи, Италија со 218.268, Велика Британија со 215.260, Русија со 198.676, Франција со 176.658, Германија со 171.324, Бразил со 156.061, Турција со 137.115 и Иран со 106.220 случаи.
Во Кина каде што за прв пат се појави овој вирус, откриени се 82.901 случај.
Земји со над 20.000 регистрирани случаи се следни:
Канада со 67.702 случаи, Перу 65.015, Индија со 62.983, Белгија со 52.596, Холандија со 42.382, Саудиска Арабија со 37.136, Мексико со 33.460, Швајцарија со 30.251, Пакистан со 29.465, Еквадор со 29.071, Португалија со 27.406, Чиле со 27.219, Шведска со 25.921, Ирска со 22.760, Сингапур со 22.460, Белорусија со 22.052 и Катар со 21.331 случај.
Новиот тип коронавирус, кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на декември минатата година, се прошири во повеќе од 200 земји региони во светот.
Како резултат на епидемијата починаа 280.451 лице низ целиот свет, додека излекувани се 1.441.866 лица што беа заразени со вирусот.