Şenhan Bolelli
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
МАДРИД
Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во последните седум дена од последиците на Ковид-19 починаа 11 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството, кое продолжува да ги ревидира претходно пристигнатите податоци и да го објавува бројот на починатите на неделно и заразени на дневно ниво, соопшти дека бројот на починатите е ревидиран на 28.338.
Поголемиот дел од смртните случаи потврдени во последните седум дена забележан е во регионот Кастиља и Леон.
Тестоците на PCR покажаа дека во последните 24 часа бројот на заразените е зголемен за 191 и изнесува 247.905.
Во Португалија во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа шест лица, со што вкупниот број на починати е зголемен на 1.555.
Во последните 24 часа е потврден 451 случај на заразување, вкупно 40.886 досега.
Ова е најголемо зголемување на бројот на заразените на дневно ниво од 8 мај.