Şenhan Bolelli
18 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
МАДРИД
Во последните 24 часа во Шпанија се потврдени 628 нови случаи на заразување, соопшти Министерството за здравство на таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството, кое ги ревидира претходните податоци и објавува информации за бројот на смртни случаи на неделна основа и за оние заразени на дневна основа, рече дека од вчера бројот на смртни случаи е зголемен за четири, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 28.420.
Според последните информации, во последните седум дена од Ковид-19 починале десет лица. ПЦР тестовите покажуваат дека во последните 24 часа на Ковид-19 биле позитивни 628 лица, а забележан е пораст на бројот на случаите во последните три дена.
Некои случаи се забележани претежно во Арагон (252) и Каталонија (121).
Вкупниот број на заразени во Шпанија е зголемен на 260.255.
Во Барселона каталонските власти презедоа додатни мерки и населението го повикаа да избегнуваат безпотребни движења, доколку тоа не е заминување на работа, продавница или лекар.
На 15 дена ќе бидат затворени теретаните и местата за забава, а намалени се капацитетите на баровите и рестораните.
- Португалија
Во Португалија во последните 24 часа починаа три лица, односно вкупно 1.682.
Во таа земја бројот на заразените е поголем за 3.312 и изнесува 48.077.
Од Ковид-19 во последните 24 часа оздравеа 314 лица, вкупно 32.790.