Ahmet Furkan Mercan
28 Мај 2021•Ажурирај: 30 Мај 2021
ТОКИО (АА) - Јапонија ќе одобри администрација на вакцина против новиот вид коронавирус (Ковид-19), сопственост на американскиот производител на лекови „Фајзер“, врз сите возрасти, вклучувајќи ги и децата на 12-годишна возраст и повеќе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Јапонија, Тамура Норихиса, одржа прес-конференција на која потсети дека вакцината на „Фајзер“ во моментов во Јапонија се администрира кај лицата на 16-годишна возраст и повеќе.
Министерот Тамура рече дека Министерството, по извршените прегледи, ќе одобри администрација на вакцината на „Фајзер“ на секое лице над 12-годишна возраст, вклучувајќи ги и децата на возраст од 12 до 16 години.
Тамура истакна дека од локалните власти е побарано да ги направат потребните подготовки за администрација на вакцината на сите лица на 12-годишна возраст и повеќе.