Muhammed Bilal Kenasari
28 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Седмото продолжениe на серијалот на филмот "Војна на ѕвездите" постигна профит на кино-благајните ширум светот во вредност од една милијарда долари и со тоа го собори рекордот како филм кој најбзо остварил толкав приход, јавува Anadolu Agency (AA).
Филмот во првата недела од прикажувањето оствари приход од околу 500 милиони долар, а во САД во текот на викендот заработи повеќе од 153.000.000 долари.
"Star Wars: The Forces Awaknes" само на Божиќ оствари продажба од речиси 50 милиони долари, а како што пишуваат американските медиуми, ова е најголемата заработка на филм реализирана за Божиќ.
Претходното продолжение "Војна на ѕвездите" во кино-благајните има остварено вкупна добивка од 4,4 милијарди долари.
Се очекува дека вкупниот профит на седмото продолжение, вклучувајќи го профитот на кино-благајните, продажбата на акциските фигури, маски и облека, да достигне 9,6 милијарди долари.