Semra Orkan
09 Септември 2022•Ажурирај: 12 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Агенција Анадолија доби осум награди на 26. Меѓународен натпревар за видеовести „Зум“ на Здружението на камермани на Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на церемонијата на доделување награди во Истанбул, челникот Ајтекин Полател рече: „Со текот на годините, снимките направени од видеорепортерите станаа важен елемент што ја поставува агендата, и на политичката и на социјалната арена.“
Опишувајќи ги камерманите како „визуелни писатели“, Полател истакна дека тие се однесуваат со чувство на одговорност кон јавноста.
Ергун Туран, градоначалник на општината Фатих во Истанбул, изјави дека припадниците на медиумите вложуваат големи напори да ја информираат јавноста.
Камерманите на Агенција Анадолија оставија свој белег на овогодишниот натпревар.
Сервет Улку од АА доби наградата во категоријата „Фотографија/вест на годината“ со неговата снимка направена за време на експлозија во Украина, додека Орхан Фатих Доган, Елиф Озге Кизил, Шебнем Џошкун, Чагри Коруџу, Вурал Елибол и Хаиме Алексос, исто така беа наградени во различни категории.