Vesna Besiç
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Во музејот УМАМ во Москва отворена е изложбата „Супер Путин" посветена на рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата се состои од 30 слики и скулптури направени во различни стилови, чија тема е рускиот претседател.
За изложбата постои голем интерес. Луѓето доаѓаат, ги разгледуваат изложените слики и скулптури и се фотографираат со нив.