Dzihat Aliju
23 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа конференцијата „Два града еден поет: Јахја Кемал“, јавува Anadolu Agency (AA).
Со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Турција, Истанбулската асоцијација „Фетих" и Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје се одржа конференција на која учествуваа студенти од Македонија и Турција.
Хусејин Тунџа, координатор на проектот, на новинарите им зборуваше за важноста која ја има поетот Јахја Кемал за турското образование и турскиот свет воопшто.
Координаторот на проектот истакна дека во рамките на проектот, дваесет студенти од Турција ќе бидат гости во Македонија и ќе се запознаат со родното место на Јахја Кемал, просторите на кои тој ги постави своите темели во образованието.
Координаторот Тунџа изјави дека како прв дел на проектот е избрано Скопје, како место од големо значење за турската литература, и ќе се обидат да покажат како тоа лице ја добило својата форма.
Тунџа соопшти дека покрај денешната конференција, на програмата е и екипа на уметници од Турската радио телевизија (ТРТ) кои ќе настапат со 14 песни напишани од поетот Јахја Кемал и додаде: „Во период од 11 до 17 септември од Македонија во Истанбул, Турција ќе заминат 20 студенти како гости на Институтот Јахја Кемал. Во Истанбул ќе се споведе вториот дел од проектот, за животот и делото на Јахја Кемал во овој град, како живеел“.
Тунџа истакна дека целта на проектот е креирање свест, потсетувајќи се уште еднаш на книжевникот Јахја Кемал, и истакна дека сакаат да се обидат да ги заживеат големиот број вредности кои исчезнуваат пред новите генерации.
Д-р Ајдин Афаџан кој ја водеше конференцијата истакна дека поетот Јахја Кемал е еден од главните ликови на турската поезија и нејзин многу значаен поет.
„Има еден цел свет во атмосферата која Јахја Кемал ни ја прикажува во своите дела. Се подразбира дека од уметнички аспект, тој со својата поезија претставува еден водич. Покрај тоа, тој е еден поет. Тој е човек кој знаеше да гледа и од истокот и од западот“, изјави д/р Афаџан.
Ректорот на ИБУ, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу, кој е домаќин на проектот, изјави дека му причинува особено задоволство што Интернационалниот Балкански Универзитет е домаќин на еден ваков проект.
Во рамките на проектот „Два града еден поет: Јахја Кемал“ ќе се организираат различни семинари, прошетки и концерти, а проектот завршува на 25 август.