Египет: Рамазански тапанџија украсен со ЛЕД светла привлекува внимание со уникатниот перформанс
Тапанџијата ги буди жителите на Дикернис, северно од Каиро, за сехур за време на овогодинешниот Рамазан
КАИРО (АА) - Традицијата на рамазанските тапанџии, познати како „Месахарати“, ја продолжува Мухамед ед-Дахсан, кој внесува уникатност на ритуалот украсувајќи се себе си и својот коњ со ЛЕД светла, јавува Анадолу.
Тапанџијата ги буди жителите на Дикернис, северно од Каиро, за сехур за време на овогодинешниот Рамазан. Додека минува низ улиците, околу него со нетрпение се собираат деца, привлечени од неговиот изглед и безвременскиот звук на неговиот тапан.
Перформансот на Ед-Дахсан не само што носи празничен дух на улиците, туку и ја одржува во живот важната културна традиција која се пренесува од генерација на генерација.
За време на Рамазан, муслиманите традиционално постат од утро до зајдисонце, воздржувајќи се од јадење, пиење, пушење и физичка интимност.
Муслиманите се охрабруваат да се молат повеќе во текот на овој свет месец, особено во текот на ноќта, да го рецитираат Светиот Куран, да споделуваат со оние на кои им е потребна помош, како и да избегнуваат какво било грешни дела.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
