Ekipa
18 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
ВАРШАВА (АА) - Есента во Полска вообичаено се карактеризира со сончево време и обезбедува убава глетка за љубителите на фотографија.
Во главниот град, Варшава, постојат неколку познати паркови, од кои некои датираат од пред неколку векови. Дел од парковите се наоѓаат на периферијата од градот, а во срцето на градот има два стари парка. Сите паркови се плански засадени со различни видови дрвја и цвеќиња.

Парковите во централното подрачје имаат одлично уредени велосипедски и патеки за прошетки, како и тревни површини каде што граѓаните може да се релаксираат уживајќи во разноликоста на боите што ги нуди есента.
Фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) со серија фотографии од оваа централно-европска земја сака да ни го претстави спектарот на боите што ги нуди главниот град Варшава овој период од годината.