Admir Fazlagic
29 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Под покровителство на Општина Центар денеска во Скопје беше организирана изложба на олдтајмер возила и мотоцикли, јавува Anadolu Agency (AA).
На изложбата на олдтајмер возила и мотоцикли, учествуваа 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила, поделени во два периода, до 1970 година и од 1971 до 1984 година.
Возилата беа изложени во централното градско подрачје, во организација на Олдтајмер клубот „Класик АВЈ“ од Скопје.
Изложбата на олдтајмерите е од меѓународен карактер, а посетителите имаа можност да уживаат во убавините на овие возила и да се потсетат на старите времиња кога се користеле вакви автомобили.
Изложените олдтајмери беа од различни произведувачи на автомобили, меѓу кои „Мерцедес", „Волксваген“, „Лада“, „Застава“ и други.