Sergen Sezgin
18 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Денеска официјално се отвора музејот „Троја“ за античкиот град Троја кој има историја стара 5.000 години, за што се потрошени 75 милиони лири (околу 12.120.000 евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за култура и туризам на Турција, по објавениот конкурс за проектот за изградба на музејот „Троја“, во 2014 година го започна овој проект и во октомври минатата година музејот почна да ги пречекува првите посетители. Музејот се наоѓа во околината на местото Тевфикије.

Завршени се сите транспортни работи од музејот во античкиот град Троја, кој секоја година го посетуваат повеќе од 500.000 лица, за официјално отворање на музејот „Троја“.
Експонатите од обласниот музеј се префрлени во новиот музеј, каде што од страна на специјализираниот персонал се поставени на новоподготвените места.
За изградбата на музејот со вкупна површина од 12.750 квадратни метри, во кој се наоѓа изложбен салон со површина од 3.000 квадратни метри, потрошени се околу 12.120.000 евра.

- Претставниците на туризмот среќни -
Ахмет Челик, претседателот на Извршниот одбор на Асоцијацијата на туристички агенции на Турција (TÜRSAB) за подрачјето на Чанаккале, за АА изјави дека античкиот град Троја, кој е признат од целиот свет, по долгогодишно исчекување го дочекал отворањето на новиот музеј.
Челик истакна дека претставниците на туризмот од Чанаккале со години на туристите што го посетуваат подрачјето се обидуваат да им раскажат за Тројанската војна, за Парис, Елена, за убавините на Каздаглари, и додаде дека е многу среќен што конечно се отвора музејот „Троја“.

Истакнувајќи дека поради случајноста што церемонијата по повод Победата во поморската борба кај Чанаккале, на која учествува претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, е истиот ден со отворањето на музејот „Троја“, Челик истакна дека се очекува отворањето на музејот да го изврши претседателот на државата и додаде:
„Особено странските туристи кои го разгледуваат античкиот град Троја, истакнуваат дека во музејот многу визуелно се опишуваат Хомеровите Илијада и Троја, при што тие можат да ги заживеат во своите умови. Во досегашната историја на областниот музеј, не е прејдена границата од 500.000 посетители. Во последните месеци од минатата година, по отворањето на музејот „Троја“, оваа бројка е надмината. Тука ја гледаме разликата што ја носи музејот „Троја“. И покрај тоа што музејот официјално не е отворен, имаме сериозна посетеност. Целиот туристички сектор од Чанаккале е подготвен за официјалното отворање на музејот“.
Челик додаде дека по официјалното отворање на музејот очекуваат поголем број посетители, особено во летните месеци.