Mahmut Atanur
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
ЏАКАРТА (AA) - MAХМУТ АТАНУР -
Највисоката зграда на националната библиотека во светот со 24 ката се наоѓа во Џакарта, главниот град на Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Националната библиотека на Индонезија ги пречекува своите гости со својот модерен дизајн и најсовременa технологија во својата 124 метри висока и 24 катна зграда.

На влезот на библиотеката пишува „Индонезиска национална библиотека“ на арапски, кинески, француски и англиски јазик, а на приемниот кат на библиотеката се наоѓа огромна полица за книги.
Најголемата библиотека во земјата има околу 4 милиони збирки. Библиотеката исто така е дом на 12.000 збирки од 14, 16 и 18 век.

Секој дел од библиотеката е наменета да им служи на посетителите за различни потреби, како библиотека, простории за читање, изложбени простори, кино и мултимедијални простории, исто така има игралиште каде што родителите можат да поминуваат време со своите деца во библиотеката.
За лицата со оштетен вид, библиотеката има посебен дел кој се состои од Браилова азбука, аудио и електронски книги, а со терасата им нуди на посетителите уникатен поглед на градот.

- „Новата зграда е највисоката национална библиотека во светот“ -
Агус Сутојо, генерален директор на Националната библиотека на Индонезија, рече дека бројот на членови се зголемил со новата зграда.
„Националната библиотека за првпат беше основана во 1980 година. Со текот на годините, се појави потребата да се пресели во поголема зграда со зголемување на бројот на книги и збирки. Ние нудиме нови можности за нашите членови во нашата нова зграда која е позната како највисока национална библиотека во светот. Бројот на посетители е уште поголем. Во просек 7.000 луѓе ја посетуваат нашата библиотека секоја недела“ рече тој.
Сутојо изјави дека тие имаат и историски и актуелни збирки. „Наша цел е да им служиме на сите во нашата нова зграда, од 7 до 70-годишна возраст. Имаме специјални простории за деца, стари лица, лица со оштетен вид и студенти. Работиме 7 дена во неделата за да обезбедиме најдобра услуга со најнова технологија“ истакна тој.