Mahmut Atanur
27 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
ЏАКАРТА (АА) - Се случи експлозија на вулканот Левотоло кој се наоѓа во подрачјето на Лембата при индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за вулканологија и намалување на геолошките катастрофи (PVMBG).
Во соопштението се нагласува дека експлозијата на вулканот се случила во 5:57 часот по локално време.
Како резултат на експлозијата, пепелот и чадот достигнале височина од 500 метри од кратерот на овој вулкан.
Властите соопштија дека експлозиите траеле околу два часа, а до населението е упатено предупредување да не се вршат активности во околината на вулканот од 2 километри.
Овој вулкан е вклучен во вториот степен од системот за предупредување (waspada). Инаку, алармниот систем за вулкани во Индонезија се состои од 4 фази, осносно „зелена“ (normal), „жолта“ (waspada), „портокалова“ (siaga) и „црвена“ (awas), која е највисоката фаза во овој систем.
Во Индонезија има 127 активни вулкани.