Gülşen Topçu
25 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
ХАМАМЕТ (AA) - Започна 5. Меѓународен карневал „Јасмин Хамамет“ кој се одржува во градот Хамамет во Тунис, јавува Anadolu Agency (AA).
На карневалот што започна денес, а ќе продолжи и утре во крајбрежниот град Јасмин Хамамет, учествуваат 800 учесници од осум земји, меѓу кои и од Франција, Индонезија, Италија и Алжир.
Генералниот координатор на карневалот, Велид Дервиш, во изјава за АА истакна дека настаните што ќе се одржат во рамките на карневалот се бесплатни.
Од друга страна, директорот на Админстрацијата на туризмот во Хамамет, Емал Кидиш, нагласи дека овој карневал, освен што има забавен аспект, ја оживува и регионалната економија.
Според него, туристичките објекти во подрачјето, кое во рамките на оваа активност е посетено од околу 30.000 лица, речиси се целосно исполнети.