Kemal Zorlak
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
РИМ (АА) - Познатиот холивудски актер Орландо Блум прошета денес на црвениот тепих на 12. Филмски фестивал во Рим, јавува Anadolu Agency (AA).
Блум предизвика голем интерес кај претставниците на медиумите во комплексот „Parco della Musica" во Рим, а додека шеташе по црвениот тепих беше расположен и за фотографирање.
Повеќекратно наградуваниот британски актер на Римскиот фестивал го претставува својот нов филм „ Romans“, во кој игра една од главните улоги.
Блум се прослави со улогата во серијалот „Пиратите од Карибите “, каде играше заедно со легендариот Џони Деп.