Diyar Güldoğan
19 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
БЕРЛИН (АА) - Новиот аеродром во Истанбул, кој допрва треба да биде изграден, ја доби наградата за дизајн на Светскиот фестивал на архитектура во Берлин, јавува Anadolu Agency (AA).
Наградата за инфраструктурата „Идните проекти" отиде во рацете на главниот дизајнер Скот Браунриг и оригиналните дизајнери Гримсхав, Нордик и Хаптик. За својата работа на проектот наградени се и архитектонските куќи Фонсијон и ТАМ/Киклоп.
Згдатата на терминалот во идина ќе биде најголемиот терминал под еден кров на светот", рече Ахмет Арслан, турскиот министер за сообраќај, поморство и комуникации.
Кога ќе биде завршена првата фаза од градењето, на почетокот на 2018 година, аеродромот дневно ќе има промет од 2.000 летови, а годишно на аеродромот ќе поминуваат повеќе од 100 милиони патници кои ќе превезуваат преку 250 авиопревозници