Aliia Raimbekova,Hüseyin Erdoğan
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
АСТАНА (АА) - Претседателот на Казакистан, Нурсултан Назарбајев, ја поддржа идејата за „награда за нуклеарно разоружување“ и рече дека по извршувањето на потребните активности по тоа прашање, ќе биде донесена одлука, јавува Anadolu Agency (AA).
По повод 25 години од затворањето на полигонот за нуклеарни тестирања Семеј, во претседателската палата во Астана, главниот град на Казахстан, беше одржана Меѓународна конференција за изградба на свет без нуклеарно оружје.
На конференцијата свое обраќање имаше претседателот на Казакистан, Назарбаев, кој рече: „Не треба да останеме само на повикот за нуклеарно разоружување. Потребно е да го охрабриме размислувањето кон свет без нуклеарно оружје“.
Претседателот Назарбајев истакна дека создавање на универзален договор за нуклеарно разоружување, претставува конкретен чекор во таа насока.
„Повторно ќе го започнеме барањето за формирање на еден универзален договор и се надевам дека ќе биде поддржан од ваша страна. Договорот, покрај забраната за производство на нуклеарно оружје, треба да содржи и конкретен рок во кој земјите кои поседуваат нуклеарно оружје ќе го уништат“, зборуваше претседателот Назарбајев.
Тој рече дека ја поддржува идејата за наградување на нуклеарното разоружување, и по извршувањето на потребните активности по тоа прашање, ќе биде донесена одлука. Назарбајев додаде дека се планира да се воведат правно-обврзувачки документи, според кои нуклеарното оружје би добило илегален статус.
Конференцијата која беше водена под модераторство на претседателот на Сенатот на Казакистан, Џомарт Токаев, покрај претседателот на Казакистан, Назарбајев, учествуваа голем број странски политичари, научници, претставници на странски земји и верски лица.
Се планира учесниците на Конференцијата утре да го посетат полигонот за нуклеарни проби Семеј, кој беше затворен пред 25 години.
Семеј, кој е наследен од периодот на Советскиот Сојуз, беше еден од најголемите полигони за нуклеарни проби во светот. Во периодот од 1948 до 1989 година, во Семеј биле изведени над 450 нуклеарни проби. Од нив 350 биле изведени под земја, додека останатите на површината. Овие проби предизвикале радијација на површина од 300.000 квадратни метри, поради што е предизвикана штета врз 1.500.000 лица.