Husamedın Gına
23 Декември 2019•Ажурирај: 24 Декември 2019
СКОПЈЕ (АА) – На прославата по повод 70-годишнината од основањето на првата Национална установа за заштита на спомениците на културата во Република Северна Македонија, Амбасадата на Турција во Северна Македонија и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) добија плакети за значаен придонес во реставрација на објектите од културното наследство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денеска, во просториите на галеријата „Чифте амам“ во Старата скопска чаршија се одржа прослава по повод 70-годишнината од основањето на првата Национална установа за заштита на спомениците на културата, при што свое обраќање имаше и министерот за култура на Северна Македонија, Хусни Исмаили.
Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, во своето обраќање по доделената плакета за придонес во реставрацијата на објектите од културно наследство потсети дека како ТИКА од 2005 година во Северна Македонија реализирале околу 1000 проекти и дека е потрошен буџет повеќе од 100 милиони долари.
„Ние, како Република Турција, ќе продолжиме со реставраторските проекти за да културното наследство во Северна Македонија биде пренесено на идните генерации, за да се заштитат вредностите на оваа земја и за да културното наследство повторно излезе на виделина со сета своја раскошност. Истовремено овие културни наследства ќе дадат сериозен придонес во приходите од туризмот“, нагласи Ајден, додавајќи дека се спроведени околу 20 реставраторски проекти.
Тој исто така подвлече дека се реализирани многу проекти, од многу различни области како што се здравството, за намалување на смртноста кај новороденчињата, во областа на културата, образованието и за економскиот развој на земјата, посебно во руралните средини.
Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин, потсети дека со крајот на оваа година завршени се реставраторските работи во трите скопски џамии „Хусеин Шех“, „Алаџа“ и „Султан Мурат“.
Министерот за култура на Северна Македонија, Хусни Исмаили, рече дека Националниот конзерваторски центар е значајна институција бидејќи е матична институција одговорна за заштитата на недвижното културно наследство за 36 општини на територијата на цела Северна Македонија.
„Низ изминатите години оваа институција има постигнато многу. Можеби дел од активностите не се видливи, но се значајни за континуитетот на заштитата, во непосредната превенција, валоризација и ревалоризација на недвижното културно наследство“, рече Исмаили.
Инаку, плакета за значаен придонес во реставрација на објектите од културното наследство во Северна Македонија добија и Министерството за култура на оваа земја како и Амбасада на Соединетите Американски Дражви.