Vesna Besiç
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
БЕРЛИН (АА) - Со проекцијата на анимираниот филм „ Остров на песови“ на американскиот уредник Вес Андерсон, свечено е отворен 68. Берлински филмски фестивал Берлинале, јавува Anadolu Agency (AA).
Овогодишниот Берлински филмски фестивал беше отворен синоќа, а до 25 февруари ќе бидат прикажани 400 филмови.
Во главната натпрерувачка програма ќе бидат прикажани 24 филмови, од кои 19 конкурираат за главна награда, Златна мечка. Фестивалските награди ќе бидат доделени ден пред затворањето, 24. февруари.
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) е еден од најпрестижните филмски фестивали во Европа и светот. Прв пат е одржан во 1951 година.