Furkan Abdula
16 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
СКОПЈЕ (АА) – Вечерва во Скопје во организација на турскиот културен центар , Инститотут Јунус Емре – Скопје, во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) се одржа вечер посветена на еминентни личности од поети, писатели, уметници и научници, јавува Anadolu Agency (AA).
Вечерашниот настан беше посветен на истакнати личности од областа на науката, културата и јавниот живот, меѓу кои беа професорот и пратеник Ферид Мухиќ, Влада Урочевиќ, Луан Старова, и Лидија Кумбараџи Богојевиќ.

На настанот присуствуваа министерот за култура на Македонија, Роберт Алаѓозовски, директорот на Институтот „Јунус Емре" во Скопје Шемсетин Шекер, претставници на турските организации и здруженија во земјата, пратеници, академици, како и други поканети личности.
Министерот Алаѓозовски во неговото обраќање пред присутните истакна дека вечерашната активност покажува дека со Турција градат блиски културни врски и ја продлабочуваат културната соработка.
Алаѓозовски рече дека културните односи и заедничка историја на двете земји имаат долги корени.
„Би рекол дека заедно со Јунус Емре градиме едно општество на сите граѓани во Македонија. Со Јунус Емре продолжуваме и понатаму. Работиме на тоа да Куршумли Ан наскоро стане место кадешто Јунус Емре ќе ги има повеќето од своите активности, а исто така работиме и на отварање на реципрочен културно-информативен центар на Македонија во Истанбул“, додаде министерот за култура.
Федид Мухиќ потсети на зборовите на поетот Јунус Емре кој вели: „Да сакаме, да не сакаат“, и рече дека тој ги обединувал луѓето. Како што рече Мухиќ, Скопје заслужува да има вакви ретки настани.
„Бидејќи соживотот не е само толеранцијата, туку взаемното почитување, заедничкиот живот и на различните религии, на различните етнички идентитети, на различните култури е она што овде преку 500 години опстојувало и што остави длабоки корени тука“, вели Мухиќ.
Од друга страна, директорот на Институтот „Јунус Емре" во Скопје, Шекер, истакна дека се обидуваат во Македонија да ја претстават богата турска историја, култура, уметноста, како и турскиот јазик.
„Покрај тоа, се обидуваме културата и уметноста на Македонија да ги претставиме во Турција“, додаде Шекер.