Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
22 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
ИДЛИБ (AA) - Сирискиот уметник Азиз Есмер со своите цртежи ги украсува урнатите ѕидини во Идлиб, преку што го осудува израелското насилство на окупираната палестинска територија, а истовремено испраќа и поддршка на палестинскиот народ, пишува Anadolu Agency (AA).
Есмер (35) живее во местото Бинис, недалеку од Идлиб, кој во текот на граѓанската војна во Сирија речиси е срамнет со земјата. Преку графитите што ги црта на урнатините од градот, Есмер настојува да го пренесе она што се случува во Сирија во текот на последните седум години.
Освен тоа, графитите на Есмер често го тематизираат и палестинскиот отпор.

Во разговор за Anadolu Agency (AA), Есмер опиша еден од своите графити на кој може да се види Палестинец во инвалидска количка со прачка во рака. Покрај него е нацртано и знаме кое ја симболизира слободата на сирискиот народ.
„Со овој графит само сакав да го покажам сето она што Палестинците го преживуваат во последните 70 години, но и она со што се соочени моите сонародници во последните седум години“, рече Есмер.

На урнатините од Идлиб можат да се забележат графитите кои Есмер преходно ги нацртал и на нив пораки, меѓу кои: „Слобода на џамијата Ал Акса“, „Надеж“, „Земете ги камповите, вратете ни ја слободата“.