Shpetim Hiseni
23 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје и во соработка со Anadolu Agency (AA) и Турската телевизија (TRT), Институтот „Јунус Емре“ (YEE) во Скопје, ќе организира изложба, насловена како „Авантурата на бегалците“.
На изложбата ќе бидат прикажани фотографии и видеа за бегалската криза, направени и снимени од објективот на АА, додека преку неа се сака да се привлече вниманието за оваа криза и да се изрази поддршката што Турција ја дала за бегалците.
Изложбата ќе се одржи во Чифте Амам, кој се наоѓа во Старата скопска чаршија, на 27 март 2018 година во 19:00 часот.