Meryem Göktaş
02 Септември 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
МУГЛА (АА) - ДУРМУШ ГЕНЧ -
Античкиот град Еуромос, кој се наоѓа во турската југозападна област Мугла, очекува место на привремената Листа на светско наследство на УНЕСКО, пишува Anadolu Agency (AA).
Храмот на Зевс Лепсинос, изграден е во вториот век пр. н.е., во подрачјето на Селимије, во околината на Милас.
Абузер Кизил, професор на Одделот за археологија и литература на Универзитетот „Ситки Кочман“ во Мугла, во изјава за АА истакна дека 16 од 17 столба во храмот се сè уште неоштетени, што го прави еден од најдобро зачуваните храмови.
„Ова е еден од најдобро зачуваните храмови од римскиот период во Анадолија бидејќи голем број од археолошките елементи се достапни“, рече тој.

Кизил нагласи дека активностите за реставрација на Еуромос продолжуваат, со цел враќање на неговата стара слава.
Тој додаде дека Еуромос бил еден од најважните центри на Кралството Карија.
Професорот Кизил ја нагласи и важноста на археолошката и научната вредност на Еуромос и на храмот на Зевс.
Тој рече дека е значајно античкиот град да биде вклучен во привремената Листа на светско наследство на УНЕСКО, бидејќи тоа ќе даде голем придонес кон археологијата, културата и туризмот во регионот.