Büşra Selvi Öğütcen
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
АНКАРА
Американскиот актер Еди Хасел почина откако е застрелан во Далас, во американската сојузна држава Тексас, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хасел го напуштил домот на својата девојка околу еден часот по полноќ, а наводно го застрелале крадци кои се обиделе да му го украдат автомобилот.
И покрај сите напори на лекарите да го спасат, Хасел починал во болницата во која бил префрлен.
Во тек е истрага за настанот.
Неговите колеги и обожаватели на социјалните мрежи се збогуваат од младиот актер.
Хасел е роден во Тексас во 1990 година, а во 2000-тите имаше низа мали улоги.
Најпознат е по улогата во филмот „The Kids Are All Right“, што беше кандидат за Оскар.