Фестивалот Лој Кратонг во Тајланд
- Фестивалот Лој Кратонг беше прославен во храмот Ват Банг Фли Јаи Кланг во регионот Самут Пракан во Тајланд за да и се оддаде почит на Фра Мае Хонгка, божицата на водата
САМУТ ПРАКАН (АА) - Фестивалот Лој Кратонг беше прославен во храмот Ват Банг Фли Јаи Кланг во регионот Самут Пракан во Тајланд за да и се оддаде почит на Фра Мае Хонгка, божицата на водата, известува Анадолу.
Настанот се одржа во храмот лоциран на бреговите на каналот Самронг во Самут Пракан, Тајланд.
Локалните жители и туристите за време на фестивалот во водата оставаа мали корпи со цвеќиња и свеќи наречени „кратонг“, со желби за избегнување на лошата среќа.